Иран: Турција ја загрозува безбедноста на регионот

Турција ја става под закана регионалната безбедност со распоредувањето трупи во северен Ирак, изјави заменикот-министер за надворешни работи на Иран Хосеин Амир Абдолахиан, пренесе ТАСС.
- Овој чекор на владата на Турција не само што нема да помогне да се порази тероризмот, но и ќе доведе до хаос и ќе ја стави под закана безбедноста на целиот регион, изјави иранскиот дипломат во интервју за телевизискиот канал Прес-ТВ.
- Учеството на други земји во борбата против тероризмот бара целосна координација со ирачката влада и добивање дозвола од неа за воени дејствија на територијата на Ирак. Иран смета дека таквите мерки, доколку тие се извршени без координација со Владата на Ирак, се во спротивност со целите на регионалната безбедност, изјави иранскиот дипломат.
Турција распореди 130 војници, тенкови и артилерија во кампот на курдските борци „Пешмерга" во северната ирачка провинција Ниневија, на 80 километри од турската граница, каде Анкара ги тренира курдските борци за напади врз главниот град на покраината - Мосул, кој е преземен од страна на терористите од „Исламска држава" во текот на летото 2014 година
Министерството за надворешни работи на Ирак вчера го повика турскиот амбасадор во Багдад и побара Турција веднаш да ги повлече своите војници од северните ирачки териториии.
Ирачкото МНР исто така соопшти дека Анкара распоредила свои сили без согласност на Багдад, што се оценува како „непријателски акт".
Ново на Сител
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
-

Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец
-

Харт: НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Мицкоски во посета на Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота
-

МНР за Сител: 9 македонски државјани побарале евакуација од Израел - небото е затворено до понеделник
-

Почина проф. д-р Владо Јаневски
-

Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март седниците во живо пред граѓаните
