Иран: Со смената на Тилерсон, САД го напуштија нуклеарниот договор
Иранската дипломатија цени дека смената на шефот на дипломатијата на САД Рекс Тилерсон значи дека Вашингтон одлучиле да го напуштат нуклеарниот договор со Техеран, пишуваат денеска иранските меидуми.
- Промената во Стејт департментот е направена поради таа цел или барем е една од причините, изјави заменикот-министер за надворешни работи на Иран Абас Арагчи, коментирајќи ја смената на Тилерсон со досегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео, кој се залага за поостар став кон Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во образложението за смената на Тилерсон го спомена и несогласувањето околу нуклеарниот договор со Иран.
- Ако САД се откажат, и ние ќе го напуштиме Договорот. На Европејците им рековме дека доколку не ги задржат САД, тогаш и Иран ќе ја напушти Спогодбата, истакна Арагчи.
Претседателот на Иран Хасан Рохани, досега, во неколку наврати истакнуваше дека и доколку САД го напуштат договорот, Иран нема да го направи тоа.
Смената на Тилерсон е добра вест за Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кои Иран го сметаат за регионална закана. Тие досега бараа Вашингтон да заземе потврд став и кон Катар, земја која ја бојкотираат поради наводна поддршка на екстремисти и затоа што е блиска со Иран. Дел од медиумите во тие две земји на своите насловни страни го ставија цитатот на Трамп од реалното шоу „Приправник“ - Отпуштен си! Тие исто така потсетуваат дека фирмата ЕксонМобил, која Тилерсон ја предводеше пред да влезе во политиката има долга историја на водење бизнис со Катар при експлоатацијата на гас.
Американските медиуми наведуваат дека веројатно поставувањето на Помпео на функцијата државен секретар е добра вест и за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е гласен критичар на иранскиот нуклеарен договор.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со САД
-
АВМУ не додели платена реклама за Левица и ЗНАМ, Апасиев со претставка до Уставен
-
ДИК го затвори избирачкиот список – 1 832 415 избирачи имаат право на глас
-
Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК