Иран сериозно го зголеми буџетот за воени трошоци и разработка на ракети

Иранскиот Парламент денеска ги одобри плановите за зголемување на средствата за воени расходи за пет проценти од буџетот, вклучувајќи ја и ракетната програма со голем досег, што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја запре, соопштија британските медиуми.
Гласањето ги засили иранските воени институции - редовната армија, елитниот Корпус на гардата на исламската револуција и Министерството за одбрана, за кои во минатата фискална година беа одделени приближно два процента од буџетот.
Според агенцијата Тасним, 173 пратеници го поддржаа иранскиот петгодишен план за развој, според кој „владата треба да ги зголеми одбранбените способности на Иран како регионална сила и да ја зачува националната безбедност и интересите на земјата, одделувајќи речиси пет проценти од годишниот буџет“ за воени активности.
Само 10 законодавци гласаа против планот, што во себе ја вклучува и разработката на ракети со голем досег, дронови и системи за кибер војна.
Зголемувањето на буџетот за воени активности може да доведе до судир меѓу Исламската република и идната администрација на Трамп и да појави критики од други западни држави, кои тврдат дека неодамнешните тестирања на балистички ракети од страна на Техеран ја прекршуваат резолуцијата на ОН за Иран, што беше донесена минатата година како дел од спогодбата за ограничување на нуклеарните активности на земјата.
Резолуцијата го повикува Иран да се воздржи од разработка на балистички ракети, проектирани да носат нуклеарно оружје.
Техеран, пак, тврди дека не разработува ракети, проектирани специјално за такви товари.
Ново на Сител
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
