Свет
17. August 2019 - 13:20

Иран произведе сопствен ракетен систем, сличен на рускиот Ѕ-300

Иран го заврши производството на сопствен противвоздушен ракетен систем Бавар-373, објавија државните медиуми, повикувајќи се на иранското Министерство за одбрана.

Како што е најавено, противвоздушниот систем ќе биде претставен следната недела.

Официјален Техеран тврди дека системот е сличен на рускиот противвоздушен ракетен систем Ѕ-300.

Бавар-373 може да погоди цели на висина од 27 километри, а има опсег од 200 километри.

Иран многу време и средства посвети за развој на воената индустрија. Успеа да постигне сериозни успеси во изработка на балистички ракети.

Освен тоа, во 2015 година иранската војска ја претстави крстосувачката ракета „мескат“, чиј дострел, според постоечките податоци, изнесува околу 2.000 километри.