Свет
13. March 2017 - 8:17

Иран претстави тенк од домашно производство

Иран претстави тенк од домашно производство и најави дека има линија за масовно производство на новата воена машина, јавија иранските медиуми, пренесува БТА.

Министерот за одбрана Хосеин Дехган истакна дека новиот тенк наречен „Карар", може да истрелува ракети со прецизно насочување. Опремен со напредни системи, тој е способен да пука во неподвижни и подвижни цели како во текот на денот, така и во текот на ноќта.

Новиот ирански тенк може да конкурира на најмодерните во светот по трите основни параметри - моќ, прецизност и подвижност, увери Дехган.

Иран произведува оружје и воена опрема, вклучувајќи ракети, авиони и подморници повеќе од две децении.