Иран погуби шест лица поради тероризам и поврзаност со Израел

Иранските власти објавија дека се погубени шест лица осудени за терористички напади во Хузестан, главниот регион за производство на нафта во земјата, јави ДПА.
Идентитетите на егзекутираните не се откриени. Тие биле обвинети за терористички напади и соработка со Израел. Мизан Онлајн објави дека погубените биле вмешани во убиството на четворица припадници на безбедносните сили во 2018 и 2019 година.
Активистите за човекови права со години се спротивставуваат на ригорозната примена на смртната казна во Иран, обвинувајќи ги властите дека користат егзекуции за заплашување на критичките гласови.
Амнести интернешнл соопшти дека оваа година во Иран се регистрирани повеќе егзекуции отколку во која било од изминатите 15 години, со повеќе од 1.000 извршени смртни казни досега.
За време на војната против Израел во јуни и по стапувањето во сила на прекинот на огнот, иранските безбедносни власти презедоа остри мерки против наводните соработници со најголемиот непријател на Техеран.
Иранските медиуми објавија серија егзекуции поради наводна шпионажа за Израел.
MИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
-

Мицкоски за Усје: Не можеме на никого да му влеземе дома и да му кажеме да ја пресели куќата
-

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти
-

Отворена нова градинка во Сопиште
-

По децении чекање, државни старечки домови конечно на повидок
-

Мерката за самовработување отвори 104 нови фирми во Струмица
-

Еко патролни тимови ќе ја заштитуваат Галичица
