Иран одбива да потврди дали изврши тестирање на балистичка ракета
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф одбива да потврди дали неговата земја изврши тестирање на балистичка ракета.
Зариф денеска само напомена дека иранската ракетна програма не е дел од спогодбата за ограничување на нуклеарната програма, што Техеран и светските сили ја потпишаа во 2015 година во замена за укинување на санкциите, пренесоа американските медиуми.
-Прашањето за ракетите не е дел од спогодбата за нуклеарната програма, изјави Зариф на денешната заедничка прес конференција со францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро, кој се наоѓа во посета на Техеран
Зариф ја повтори традиционалната позиција на Техеран дека неговите ракети „не се конструирани да носат нуклеарни боеви глави“.
Белата куќа вчера соопшти дека ги истражува деталите околу извршеното иранско тестирање на балистичката ракета.
Иран доби резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која му се забарануваат тестирања на балистички ракети со капацитет да носат нуклеарни боеви глави.
На денешната прес конференција Еро изјави дека Франција јасно ја изрази својата загриженост во врска со иранското тестирање на балистичка ракета, и додаде дека тоа ја наруши довербата на меѓународната заедница во Иран и ја прекрши Резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН, пренесоа британските медиуми.
Ново на Сител
-
Џејсон Кид стана косопственик на Евертон
-
Влаховиќ се повреди
-
Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер
-
Федерер официјален стартер на трката 24 часа Ле Ман
-
Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно
-
САД и Јужна Кореја напредуваат кон договор за елиминирање на царините
-
Болоња против Милан за прв куп трофеј од 1974
-
Студенстки штафетен маратон на студенти до Брисел со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во државата