Иран објави детали за ракетите и дроновите користени во нападот врз Израел

Иранските државни медиуми објавија детали за оружјето користено во нападот без преседан врз Израел за време на викендот меѓу кои и проектили со голем дострел способни да прелетаат речиси 2.000 километри – двојно повеќе од растојанието потребно за да се стигне до Израел, јави ДПА.
Според државната новинска агенција ИСНА, Техеран користел балистички ракети со среден дострел „Емад“ и „Кајбаршекан“. Модерната верзија на Heybarshekkan има дострел до 1.800 км. Ракетите „Емад“ можат да носат боева глава тешка околу 750 килограми и да прелетаат најмалку 1.700 километри. Според новинската агенција ИРНА, тие се лансирани од подземни ракетни силоси.
Растојанието од Западен Иран до Израел е околу 1.000 километри, јави ДПА и потсетува дека Иран го прогласи Израел за непријател по Исламската револуција во 1979 година.
Во текот на викендот Техеран изврши директен напад врз Израел во кој, според израелски извори, биле употребени околу 300 проектили и беспилотни летала. Нападот ги засили стравувањата од голем конфликт на Блискиот Исток. Нападот дојде откако Иран се закани дека ќе се одмазди за воздушниот напад врз комплексот на неговата амбасада во Дамаск на 1 април, во кој загинаа двајца генерали и други офицери. Се верува дека нападот го извршил Израел – нешто што Тел Авив не го негира, ниту го потврдува. Според ИРНА, Иран во нападот користел и крстосувачки ракети Павех, способни за брзина до 900 км/ч. Заедно со ракетите, Техеран во нападот против Израел употреби и беспилотни летала Шахед-136 – истите што Русија ги користи против Украина
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
