Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.
– Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана – рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.
Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. – Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.
Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.
– Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД- додаде тој.
Ново на Сител
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
-

Нема брзо решение за проблемот на камионџиите, блокадите засега остануваат
-

Власта и опозицијата со различни ставови за протестот на синдикатите
-

Временските промени ги „разбудија“ вирусите
