Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји

Иран ја суспендираше меѓународната спортска активност на своите репрезентации и клубови, забранувајќи им патувања во држави кои се сметаат за „непријателски“. Оваа одлука, која стапува на сила до нови наредби, ги опфаќа сите национални тимови и спортски колективи, според информациите од домашните медиуми.
Ограничувањето доаѓа во период од речиси еден месец од започнувањето на конфликтот помеѓу Иран, од една страна, и САД и Израел, од друга.
„Министерството за спорт информира дека учеството на националните екипи и клубови во земји кои се етикетирани како непријателски и кои не се во можност да обезбедат сигурност за иранските спортисти и членови на екипите, е забрането до понатамошно известување“, се истакнува во донесената одлука.
Неодамнешни настани, поврзани со учеството на женската фудбалска репрезентација на Азискиот куп во Австралија, предизвикаа силни реакции.
Владата во Канбера предизвика негодување во Техеран откако одобри азил за шест спортистки и еден член на тренерскиот штаб.
Овие лица беа прогласени за предавници во Иран по нивното одбивање да ја отпеат државната химна пред почетокот на еден натпревар. Пет од споменатите фудбалерки подоцна ја ревидираа својата одлука и се вратија во својата земја.
MИА
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
