Иран и се заканува на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети
Силите на Иранската револуционерна гарда им се заканија на американските бази на Блискиот Исток, на Израел и на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети.
Во видео што последно е објавено на апликацијата Телеграм, Иранската револуционерна гарда го гаѓа кампот на МЕК во Манез, Драч, каде се сместени над 3.000 муџахедини, објавувајќи сателитски фотографии од него, пренесува abcnews.al.
Во видеозаписот целите на иранските беспилотни летала и проектили се појавуваат една по друга, вклучувајќи ги градовите Тел Авив, американската база во регионот и кампот на МЕК кај Драч.
На крајот, Иранците тврдат дека “имаат се под контрола и може да гаѓаат кога ќе посакаат”.
-Албанија е мета на Иран по прифаќањето на муџахедините на МЕК, кои важат за противници на режимот на ајатоласите.
Неодамна Албанија беше жртва на кибер-напад од страна на Иранците, кои успеаја да добијат еден тон доверливи информации од системот, заклучува телевизијата.
Ново на Сител
-
Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла
-
Мотоциклист од Гевгелија им подлегнал на повредите по излетување од патот
-
Кошта: За ефикасна европска одбрана потребно е заедничко финансирање
-
Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“
-
Морган Фримен за своите златни обетки коишто се неразделив дел од неговиот имиџ
-
ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!
-
Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ го доби решението за регистрација во судот во Тирана
-
УХМР: Следува период на претежно сончево време