Иран егзекутира три лица за терористички напади и убиства
Во Иран денеска се егзекутирани со бесење тројца мажи, од кои двајца за терористички дејствија, а еден за убиство и вооружен грабеж. Тројцата се егзекутирани рано изутринава во провинцијата Систан-Белуџистан.
Двајца се идентификувани како Хасан Дехвари и Елиас Каландарзехи, кои беа уапсени во април 2014 година, откако биле фатени со „големи количества експлозив“ и оружје. Двајцата беа осудени за киднапирање, бомбашки напад, убиство на припадници на безбедносните сили и цивили и поврзаност со џихадистичката група „Џаиш ал Адл“ (Армија на правдата). Дехвари и Каландарзехи се уапсени и за поседување документи од „Џаиш ал Адл“, односно упатства „како се прават бомби“, како и за „такфири фатви“, термини што ги користат иранските шиитски власти за наредби издадени од сунитските џихадисти.
„Џаиш ал Адл“ во последните години изврши неколку жестоки бомбашки напади и киднапирања во Иран. Во февруари 2019 година, 27 припадници на Иранската револуционерна гарда беа убиени при самоубиствен бомбашки напад, за кој групата презеде одговорност.
Третиот егзекутиран маж е Омид Махмудзехи. Тој беше осуден за вооружен грабеж и убиство на цивили.
Ново на Сител
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик
-
Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот
-
„Врските не враќаат човечки живот“, почна протестот на Партизанска за загинатата Фросина | ФОТО
-
„Утеха ни на небо ни на земја, животот уште незапочнат најсвирепо згаснат“, емотивен статус на таткото на Фросина
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот