-->
-->
Иран е подготвен за дијалог, ако САД ги укине санкциите
-->
Иран е подготвен да разговара со Соединетите Американски Држави, доколку Вашингтон ги укине санкциите и се врати на нуклеарниот договор од 2015 година, порача иранскиот претседател, Хасан Рохани.
„Секогаш сме верувале во дијалог. Ако ги укинат санкциите, завршат со наметнатиот економски притисок и се вратат на договорот, ние сме подготвени да разговараме со САД уште денеска, и тоа, било каде“, изјави Рохани, пренесе „Ројтерс“.
Тензиите се зголемија помеѓу Техеран и Вашингтон откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се повлече од нуклеарната спогодба со Иран и повторно ги воведе санкциите кон земјата што беа укинати, според договорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград
-
Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите
-
Безживотно тело извлечено од Вардар
-
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите вo петок поради високите цени на прехранбените производи
-
Орце Ѓорѓиевски: За 100 проценти се зголемува помошта за новороденчиња во Кисела Вода
-
Познатата Селена Гомез со драматично видео против имиграциската политика на САД
-
Во Битола тешко повреден велосипедист откако во него удрил „цитроен“