Иран доби пристап до замрзнатите сто милијарди долари
Иран соопшти денеска дека сега има пристап до средствата вредни сто милијарди долари, кои во светот му се одмрзнати по примената на нукларната спогодба, што ја постигна со светските сили.
Портпаролот на иранската Влада Мохмед Багер Нокбат изјави дека поголемиот дел од парите е сместен во банки во Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и Турција, откако беа заострени меѓународните санкции против Иран во 2012 година поради неговата спорна нуклеарна програма.
Претставникот на Централната банка Насер Хаким изјави дека девет ирански банки сега повторно се поврзани со сервисот СВИФТ, чие седиште е во Белгија, а преку кој се вршат трансфери меѓу финансиските инситуции.
Ниту една странска банка не работи во Иран, а банкоматите се уште не се поврзани со глобалниот систем.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје