Свет
13. October 2015 - 17:42

Ирак почна да бомбардира цели на ИД со разузнавачка помош од Русија, Иран и Сирија

Ирак почна со бомбардирање цели на Исламска држава со помош на нов разузнавачки центар, во кој се наоѓаат претставници од Русија, Иран и Сирија.

Разузнавачкиот центар, кој има шест членови, работи веќе една недела, изјави шефот на Комитетот за одбрана и безбедност во ирачкиот Парламент, Хаким ал Замили.

Русија од пред две недели почна со извршување воздушни напади врз цели на ИД во Сирија. Руските сили во тие напади користат повеќе од 50 авиони и хеликоптери, но засега немаат планови да учествуваат во копнени операции.

Според ирачки разузнавач, на кој се повикуваат западни медиуми, двајца руски генерали учествуваат во работата на разузнавачкиот центар во Багдад.