Ирак побара помош од ОН за откривање на злосторствата на ИД
Ирак побара од ОН да му помогне во собирањето на докази за злосторствата извршени од страна на екстремистичката организација „Исламска држава“, преку резолуција што ќе придонесе за изнесување на терористичките организации пред лицето на правдата.
БТА денеска јави дека во писмото до Организацијата од 9 август, ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим Џафари забележал дека злосторствата извршени од ИД врз цивили и разурнувањето на инфраструктурата и археолошките објекти се злосторства врз човештвото, за кои нивните виновници треба да бидат изнесени пред суд.
Ирак би сакал да го искористи искуството на меѓународната заедница во однос на тоа и затоа заедно со Велика Британија подготвува нацрт-резолуција, стои во писмото.
Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во ОН Џонатан Ален изјави дека усвојувањето на оваа резолуција од страна на Советот за безбедност на ОН е многу важно, со цел да не остане неказнето ниту едно злосторство на ИД.
Адвокатката Амал Клуни, која во моментов ги заштитува Јазеидите, ја пофали иницијативата на ирачката Влада.
- Јазеидите и другите жртви на ИД настојуваат за правда. Се надевам дека писмото на ирачката Влата ќе го одбележи почетокот на крајот на неказнивоста за геноцидот и другите злосторства извршени од страна на ИД во Ирак и на другите места во светот, наведе Амал Клуни во специјална декларација.
Ново на Сител
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО