Ирачките сили зазедоа стратешки важен мост во Мосул
Ирачките сили, кои имаат поддршка од САД, го зазедоа денеска најјужниот мост во Мосул, преку реката Тигар, се наведува во соопштение на армијата.
Станува збор за еден од петте мостови преку Тигар, од кои сите се оштетени во воздушните напади на коалицијата, предводена од САД.
Кога ќе биде поправен мостот ќе им овозможи на ирачките сили да доведат воени зајакнување и да внесат резерви од источните делови на градот, со што се создава дополнителен притисок врз џихадистите во западниот дел на градот.
Ирачките сили вчера продолжија да навлегуват подлабоко кон западниот дел на Мосул за да го заземат мостот преку Тигар и да го поврзат источниот брег на реката, кој е под контрола на Владата со западниот брег, каде во тек е офанзива на преостанатите џихадисти.
Ирачките сили го зазедоа источниот дел на Мосул во јануари, по сто денови борба, а нападот на окрузите западно од Тигар го покренаа пред една недела.
Ново на Сител
-
Ова е убиецот на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко Киро Коцев во Велес | ФОТО
-
Денеска ќе биде објавен телефонскиот број на кој ќе се пријавуваат злоупотреби на службените возила
-
Врски и љубов: Како се „саботираме“ себеси?
-
Утре и задутре посвежо и ветровито, во деновите потоа пораст на температурите
-
Ова се убиените ќерка и татко во Велес вчера, ги убил поранешниот нејзин партнер па се самоубил | ФОТО
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид