Ирачките сили напредуват во градот Рамади

Ирачките безбедносни сили денеска успеаја да навлезат во еден од клучните централни делови на градот Рамади, потиснувајќи ги припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Како што јави ДПА, преземањето на делот од Рамади во кои се наоѓаат зградите на државните институции, претставува голем успех за ирачките сили во нивните напори за потиснување на борците на ИД од овој град во западниот дел на Ирак.
- Безбедносните сили во мугрите навлегоа во населбата Хуз. Во моментов се водат жестоки борби со ИД во близина на владините згради, изјава портпаролот на полицијата во провинцијата Анбар, Јасер ал Дулајми.
Рамади е админстративен центар на провинцијата Анбар, која се протега на голема површина во западен Ирак, од границата со Саудиска Арабија на југ, до границата со Сирија на север.
- Борците на ИД се разбиени во Хуз и се кријат во неколку згради, Вложуваме сериозни напори да ги потиснеме од таму, изјави Ал Дулајми за ДПА.
Според него, во досегашните борби се убиени најмалку 20 припадници на ИД. Тој меѓутоа не соопшти податоци за жртвите во редовите на владините сили.
Ново на Сител
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
-

Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност, неопходно е координирано дејствување и заедничка одговорност
