Ирачкиот премиер прослави победа во Мосул

Ирачкиот премиер Хајдер ел Абади прослави со војниците победа во Мосул откако во рамки на 9-месечна офанзива беа протерани екстремисти од ИД од одделни последни упоришта на таа терористичка организација.
Ирачката Влада соопшти дека Ел Абади го посетил „ослободениот Мосул и им честитал на херојските борци“, но навестил дека ќе прогласи победа кога ќе биде ослободен и последниот дел од градот.
– Победата е извесна. Она што остана од Даеш (ИД) е опколено...само прашање на време е кога ќе прогласиме голема победа на нашиот народ, наведува Ел Абади во пишана изјава.
Тешки борби продолжуваат во делови од Стариот град на Мосул во близина на реката Тигар.
Ирачките сили со подршка од ВВС на чело со САД од октомври лани се бореа да го ослободат вториот по големина град во Ирак од ИД, која го зазеде во 2014 година. ИД сега има контрола врз територија помала од два километра во Мосул. Припадници на ИД користат цивили како човечки штит како и бомбаши самоубијци и снајперисти за напади.
Ново на Сител
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

Брисел: Правосудството со слабости, корупцијата тапка во место
-

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел
-

Турканици, нервози и расправии пред Алта банка во Битола – по 20.000 денари од шалтер подигнуваа тие кои добиле порака
