-->
-->
Ирачки авиони уништија колона цистери со нафта на ИД
-->
Авиони на Военото воздухопловство на Ирак уништија колона од 30 цистерни со кои била пренесувана нафта за потребите на џихадистичката група Исламска држава (ИД), јави вечерва ирачката телевизија Ал Сумерија.
Цистерните се движеле по пат во провинцијата Нинива, чиј административен ценатр Мосул е под контрола на ИД.
Според ирачки безбедносни извори, при нападот биле уништени сите цистерни и биле убиени најмалку 12 џихадисти.
Пред неколку дена беше соопштено дека во заедничка акција на силите на ирачките Курди и на американски специјалци бил ликвидиран „министерот за нафта“ на ИД, Сами Хусеин ал Хабури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро