Ирачката армија воспостави контрола врз повеќе од 12 населби во Мосул
Ирачките владини сили ослободиле најмалку 12 квартови во Мосул, објави денеска телевизискиот канал „Скај њуз - Арабија".
Војската ја поттиснала ИД и од приближно 50 населени места околу Мосул, вклучително и Хамам ал Алил и Башика. Последниве четири дена со воздухопловна поддршка на меѓународната антитерористичка коалиција, вооружените сили на Ирак уби 200 екстремисти од ИД, јавува изворот.
Копнената операција за ослободување на Мосул започна на 17 октомври. На 31 октомври ирачките специјални единици почнаа со напади од исток, а на 1 ноември ирачката војска влезе во градот од север. Владините сили сега напредуваат кон с редишните делови на Мосул.
При навлегувањето во градот, вчера ирачки војници откриле масовна гробница во градот Хамам ал Алил. Првите официјални податоци говорат дека во неа има околу 100 тела, од кои повеќето - обезглавени.
Ново на Сител
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи
-
Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот
-
Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација
-
Артилериски проектил од Првата светска војна пронајден во струшкото село Калишта
-
Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години
-
Приведен возач од Македонски Брод, возел со 2,82 промили алкохол во крвта
-
ЕУ дозволи недржавни знамиња во публика, забраната за изведувачите останува