„iPhone“ од 2007-ма продаден за 190,000 долари
„iPhone“ од првата генерација со „4GB“ меморија од 2007--ма година постигнал рекордна сума на аукција, оставајќи ги претходните рекорди далеку зад себе.
Многу ретката верзија на „iPhone“ моделот од првата генерација со 4 GB меморија од 2007. година постигнала рекордна цена на неодамна одржана аукција. Неговата вредност ги надминала сите претходни рекорди, со што овој модел станал најскап телефон во историјата продаден на аукција.
Овој викенд, во организација на аукциската куќа „LGC Auctions“, понуден е „iPhone“ од првата генерација, но овој пат како уште поголем раритет – станува збор за недопрен модел со 4 GB простор за складирање.
Како што велат од аукциската куќа, оригиналниот „iPhone“ од 4 GB долго време бил светиот грал на колекционерите на технолошки производи, со оглед дека првобитно е произведен во многу количини.
Не се продавал добро ни во 2007-ма година, бидејќи купувачите лесно давале дополнителни 100 долари за двојно повеќе меморија. Како резултат на тоа, овој модел е повлечен од производство само два месеци откако е пуштен во продажба.
Овој многу редок модел, купен во јуни 2007-ма година, до денес останал сосема недопрен, во оригинално пакување. Аукциската куќа истакнува дека станува збор за фантастично сочуван уред, а заслугата за тоа оди на неговиот претходен сопственик, член на тимот на „Apple“ во времето на лансирањето на првиот „iPhone“.
Наместо очекуваните 50 до 100 илјади долари, за овој модел на „iPhone“ непознатиот купувач одлучил да плати дури 190.372 долари.
Ново на Сител
-
Приведен скопјанец, возел со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Санкционирани 154 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг
-
Регистриран земјотрес во Охрид и околината
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани