ИОМ: Криумчари продаваат мигранти во северна Африка
Стотици мигранти се продаваат на т.н. пазари за робови во Нигерија и во Либија, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
- Криумчарите продаваат мигранти за 200 до 500 долари. Жртвите се грабнати и со месеци се приморувани да извршуваат работни задачи или да работат како секс робови или проститутки, изјави Отман Белбеиси, шеф на одделот на ИОМ за Либија.
Преживеани укажуваат дека киднаперите изнудуваат пари со тортура врз луѓето и бараат да се јават кај своите блиски и да добијат откуп. Дел од мигрантите се приморани да работат на т.н. пазари за робови додека оние кои не можат да обезбедат откуп, се изгладнуваат до смрт, се вели во извештај.
Лекар од ИОМ лекувал човек од Гамбија кој имал само 35 килограми. Неговото семејство морало да ја продада куќата за да обезбеди откуп за него.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип