Инзаги по триумфот над Лацио: Задоволен сум од начинот на кој победивме многу квалитетен тим

Имаме одлични фудбалери. По поразот во дербито имаше луѓе кои едвај чекаа да се сопнеме, но имам фудбалери кои навистина не ги засегаат гласините, изјави Инзаги.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е импресиониран од начинот на кој неговиот тим дојде до победата на натпреварот од 16. коло на италијанското првенство против Лацио.
Интер синоќа на гостински терен славеше со убедливи 6:0.
-Задоволен сум од начинот на кој победивме многу квалитетен тим. Добро ја контролиравме топката, ги држевме на дистанцата. Горд сум на она што моите играчи го покажаа на теренот. Имаме одлични фудбалери. По поразот во дербито имаше луѓе кои едвај чекаа да се сопнеме, но имам фудбалери кои навистина не ги засегаат гласините, изјави Инзаги.
По овој натпревар Интер е на третото место во поредокот со 34 бодови, Лацио е на петтото место со 31 бод.
Ново на Сител
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
