Инвестиции во чисти технологии и борба против еколошки криминал во Делчево
За теми поврзани со унапредување на заштитата на животната средина, меѓу кои и потребата од спроведување на кампања за подигање на јавната свест во врска со регионалниот систем за управување со отпад што ќе се воспостави со проектот на Министерството за животна средина и просторно планирање и ЕУ, проектиран во рамки на ИПА програмата разговараа државниот секретар во Министерството Ана Петровска и градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски.
Во областа на водоснабдување на средбата беше потенцирана важноста од замена на азбестните цевки во општината и потребата државата да се вклучи во постапувањето со азбестниот отпад.
Исто така, градоначалникот информираше за неодамнешниот помор на риби во реката Брегалница и за спроведениот инспекциски надзор. Иако резултатите од испитувањата на мострите сеуште не се готови, се очекува утврдување на причината и виновникот и негово соодветно санкционирање.
Средбата се реализираше во пресрет на одржувањето на бизнис форумот во Делчево.
Бизнис-форумот е организиран во рамките на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“ со цел да се претстават можностите за развој и инвестиции што ги нуди Делчево, како и перспективите за развој на општината. На Форумот ќе се слушнат и предлозите од бизнис-секторот со кои можат да се дореализираат започнатите проекти и да се создадат нови.
Ново на Сител
-
Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција
-
Прекумерната употреба на лекови за болка ја зголемува отпорноста кај бактериите кон лекови
-
Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат
-
Раст на БДП во вториот квартал од 3.4 проценти
-
Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија
-
Приведени двајца дилери, пронајден кокаин на подрачјето на СВР Струмица | ФОТО
-
Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно
-
Без вода дел од Сопиште