Интервјуа на кандидатите за новиот состав на Антикорупциската комисија

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која треба да бидат спроведени интервјуа на пријавените кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Ќе се извршат интервјуа на 42 кандидати кои ги исполниле условите од огласот за нови членови на ДКСК.
Комисијата за селекција на кандидатите беше формирана на 14 месецов согласно Одлуката на Собранието за објавување јавен оглас за избор на претседател и членови на ДКСК.
Членови на Комисијата за селекција се Јован Андоновски, заменик народен правобранител номиниран од Народниот правобранител, Снежана Камилоска Трпкоска претставник на Македонски центар за меѓународна соработка Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од областа на демократијата и владеењето на правото, Никола Додов претставник на Здружението за поттикнување и промоција на информатиката Асоцијација на студенти информатичари Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците од власта Фаница Николовска и Берат Ајдари и од опозицијата Ели Панова и Кастриот Реџепи.
Според законот, Комисијата за селекција ја формира листата на кандидати и по пет дена започнуваат интервјуата. На интервјуата присуствуваат претставници на повеќе институции, како и невладини организации и можат да поставуваат прашања на идните антикорупционери, а се ова се пренесува на Собранискиот канал.
Мандатот на актуелните членови на Комисијата Билјана Ивановска, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи истекува на 7 февруари следната година и тие немаат право на повторен избор. Новата комисија треба да почне да функционира на 8 февруари 2024 година.
За претседател на ДКСК може да се избере лице кое е државјанин на Северна Македонија и кое живее во земјата, да е деловно способна личност, да има високо образование од областа на правните науки или од областа на политичките, комуниколошките или економските науки. Покрај високото образование, се бара и најмалку десетгодишно работно искуство по завршувањето на образованието. Притоа осум години од работното искуство да биде во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или доброто управување.
Кандидатите за членови треба да имаат шест години активност во областите поврзани со откривање корупција. И претседателот и членовите на ДКСК не треба да биле членови на Собрание, ниту во Влада, ниту пак донатори или функционери во политичка партија.
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
