Бизнис
4. јуни 2021 - 16:34

Интервентниот план за инвестиции е одличен, но само ако се реализира

Ако се реализираат проектите од најновиот интервентен план за инвестиции на Владата закрепнувањето на економијата ќе оди побрзо. Тој предвидува над 8 милијарди евра наменети за капитални проекти во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката. Би било одлично ако овие проекти се остварат во пост корона периодот, покажува најновата анализа на Фајнанс тинк.

Сепак, Петрески предупредува дека дел од овие проекти се стари и со децении. Речиси 43% од нив пак се препишани од програмата на СДСМ од 2014 година. Бенефитот од нив ќе се види само ако од хартија се преселат на терен.

Планот на Владата предвидува над 3 милијарди евра за енергетски проекти, на 2,5 милијарди евра за железница и патишта. Во планот стојат и проекти како Чебрен, патот преку Плетвар, пругата кон Бугарија кои се стари со децении.