Македонија
11. November 2015 - 17:06

Интервенција на далекуводи на потегот Ресен-Охрид-Струга, можни прекини во снабдувањето

Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 kV далекуводи на преносната мрежа на потегот Ресен-Охрид-Струга, утре во периодот од 11 до 14 часот, можно е да има повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од  населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса.

Од ЕВН Македонија информираат дека доколку има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична енергија во овие 3 часа.