Интерпелацијата за министерот Спасовски на дневен ред во Собранието
Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 февруари годинава, а 12 пратеници на Коалицијата Алијанса за Албаниците и Алтернатива наведуваат дека „по бегство на Груевски и наводното бегство на Мијалков, бараат одговорност од Спасовски“. Пратениците од опозициските партии на Албанците посочуваат дека по ова Спасовски „повеќе не може или не треба да биде министер за внатрешни работи затоа што, оној што помага некому да стори кривично дело или кој го толерира, е одговорен исто колку и сторителот“.
Собранието во 2019 година не ја прифати интерпелацијата на Спасовски, тогаш поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.
На дневниот ред меѓу другите се и предлог законите за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации и за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Пратенците треба да расправаат и за Предлог програмата за изменување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година, како и за предлог законите за изменување на Законот за данокот на добивка, за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, и за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата, трите во прво читање.
Ново на Сител
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа
-
Тема на денот со Андон Чибишев, токсиколог
-
Директори, началници и шумочувари организирано го пустошеле Малешевието
-
13 приведени по инцидентот пред прилепската болница
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?