Интернационален фестивал на монодрама „Битола 2017“
Последниот натпреварувачки ден на интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ ќе почне со монодрамата „Ирена или неможам повеќе“ во изведба на актерката Мирел Кнез од словенечкиот театарски институт-Љубљана, а во 20 часот ќе настапи германскиот актер Вили Шлутер кој ќе ја изведе монодрамата „Одисеј“ од Лим Норевиг.
Изведбата на монодрамски остварувања во конкуренција завршува во 23 часот кога ќе настапи битолчанецот Александар Димитровски, актер во драмското студио „Солза и смеа“.
- Лолита е претстава која ме натера да го откријам талентот во себе и желбата да бидам актер. Лолита е претстава која тешко се игра во тежок жанр како што е монодрамата, но јас сум подготвен тоа да го издржам. Делото на Владимир Набоков го режирав и е заедничка продукција на Драмското студио „Солза и смеа“, НУ Центар за култура и НУ Народен театар-Битола, истакна актерот Димитровски пред вечерашниот фестивалски настап.
Интернационалнiot фестивал на монодрама „Битола 2017“ завршува утревечер со доделување на наградата „Гран при“ и награда од публиката, а во чест на наградените ќе биде приреден концерт на театарска музика под наслов „На светов убавина“ на композиторот Горан Трајкоски.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски