Интернационален детски фестивал „Сонот на облачето“
Со претставата „Четири годишни времиња” на грузискиот државен театар денеска во Младинскиот културен центар почнува Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето”.
Фестивалот се одржува во 4. пат и ќе трае до 23 ноември.
Гости на фестивалот, како што информираат организаторите, се театарот „Fostires“ од Грција со претставата “Сенките на Езоп” и театарот од Шпанија „Teatres de la llum“ со претставата “Бубачки”.
Театарот „Сенки и облаци“ од Македонија во рамки на фестивалот ќе одржи креативна работилница за театар на сенки, каде учесниците ќе се запознаат со изработката на кукли и играта на платно со ликовите од басните на Езоп.
На просторот во фоајето на сцената Фросина за време на фестивалот ќе бидат изложени лампи со сенки, рачно изработени од локални уметници.
Организатор на фестивалот е здружението „Сенки и Облаци“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје и Младинскиот културен центар во Скопје.
Ново на Сител
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори