Интересот за сместување рапидно расте, но домови за стари лица на истокот нема
Изградбата на домови за стари лица на Истокот тапка во место. Во Штип, зградата во која требаше да се сместат старите и изнемоштени, стои карабина веќе 8 години поради нерешен правен статус. Од касата на Здружението беа издвоени 400 000 евра за овој проект. Од друга страна потребата и притисокот за сместување на лица за кои нема кој да се грижи постојано расте.
- Сметаме дека во најкраток рок ќе треба да се надминат и решат, со што ќе решиме и голем број на барањата на нашите членови кои постојано ги поснесуваат за да се сместат во овој пензионерски дом. Се надеваме дека во најскоро време ќе се откочи оваа законска пречка, со тоа што веќе имаме доставено барање за прием до Министерствот за транспорт и врски, како и до Владата за да можеме да почнеме да го реализираме овој проект и да се стави во законска форма, изјави Ристе Нетков, престедател на Здружение на пензионери – Штип.
Општина Пробиштип решението на овој проблем го гледа во пренамена на јужното крило на Здравствениот дом во дом за стари со капациети од 55 лица. Меѓутоа, и после 5 години откако започна реконстркцијата се уште не е финализирана. Нај амбициозниот проект е во општина Кочани, кој 15 години стои на маса, а предвидуваше сместување на стари лица од 6 општини.
- Во тој елаборат, домот одлично изгледа. Има околу 157 соби, од кои , 48 двокреветни, 24 еднокреветни и 12 апартмани. Има лекари кои ќе водат грижа за пензионерите кои што ќе бидат сместени таму. Ако се направеше требаше да има и базен за рехабилитација на старите и немоќни луѓе, изјави Елица Зафирова, Здружение на пензионери-Кочани.
Според тогашните пресметки изградбата би чинела 1,3 милиони евра, но средства за оваа намена се уште нема. Единствениот дом за стари лица во источниот регион е во Берово со капацитет да прими 67 лица, а листата на чекање за сместување во домот брои 160 кандидати.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар