Македонија
7. February 2018 - 8:41

Интерактивнa изложба „Игри и политика“

Интерактивнaта изложба „Игри и политика“ (Games аnd Politics) на Гете-институт Скопје вечер ќе биде отворена на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. 

Изложбата настанала во 2016 година и се заснова на Global Games на ZKM (Центар за уметност и медиуми) Карлсруе. Кураторите на изложбата избрале политички амбиционирани видеоигри од последните 12 години, кои ги истражуваат границите и можностите на овој жанр и со тоа претставуваат и предизвик за индустријата на разонода.

При отворањето на изложбата ќе има организирано нејзино разгледување и коментирање на игра од Кристијан Хубертс, научник за култура и медиуми од Германија и Гораст Цветковски, коосновач на Македонската асоцијација за развивање игри - МАГДА.

Во рамки на изложбата Гете-институт Скопје заедно со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе организираат Гејм Џем, каде креативни луѓе 24 часа ќе програмираат игри.