-->
-->
Интер му понудил 55 мил на „Чово“
-->
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне, добил од Интер понуда „тешка“ 55 милиони евра за петгодишен договор, пренесува „Газета дело Спорт“.
Интер нема намера да се откаже од Симеоне, човекот кој постигнува исклучително добри резултати со Атлетико Мадрид, а кој како играч го носеше дресот на Интер. Доколку аргентинскиот тренер ја одбие понудата, сопствениците на клубот ќе му остават сам да ја одреди сумата за која би се преселил на „Џузепе Меаца“.
Диего Симеоне има договор со Атлетико до јуни 2018 година, а во минатото често нагласувал дека еден ден би сакал да биде тренер на Интер.
Богатите кинески сопственици, сепак, нема да покажат бескрајно трпение бидејќи тие на Симеоне му дале рок од 20 дена да одговори на нивната понуда.
Доколку популарниот Чочо ја одбие понудата, Интер ќе ги контактира актуелниот тренер на Челзи, Антонио Конте, и тренерот на Лацио, Лучано Спалети.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење