Интензивно бомбардирање во Алепо и околните села
Сирискиот град Алепо и околните села денеска беа цел на воздушни напади, откако сириската војска објави крај на седумдневното примирје, пренесува БТА.
Се уште не е познато дали нападите ги изврши сириската авијација или руските авиони.
Во Алепо, како и во западните и јужните реони во градот, цел на напади беа квартовите кои се под контрола на бунтовниците.
Сирискиот центар за набљудување на човековите права соопшти дека има голем број убиени и повредени при нападите.
Претходно денеска, сириската армија објави крај на еднонеделното примирје во земјата, обвинувајќи ги бунтовниците за прекршување на договорот, што беше склучен со посредство на САД и Русија, пренесе ДПА.
- Тоа беше вистинска можност да се запрат крвопролевањата, но вооружените терористички групи си поиграа со овој договор и не исполнија ниту една од клаузулите", се наведува во соопштението на армијата, цитирано од сириската агенција Сана.
Сириската војска тврди дека бунтовниците го прекршиле примирјето што влезе во сила на 12 септември над 300 пати .
Опозицијата, исто така, го обвинува режимот за кршење на договорот за прекин на огнот.
Ново на Сител
-
Комисијата нема да почнува разговори од почеток, историчарите подетално ќе разговараат во Софија
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Комисијата нема да почнува разговори од почеток, историчарите подетално ќе разговараат во Софија
-
Ангелов: Не може да се разговара од почеток за веќе ревидирани препораки во историската комисија
-
Муртезани: Неодбивањето на предлогот за одложено дејство на Фор дер Лајен остава простор за решение
-
Шилегов обвини дека СДСМ е заробена, партијата му одговори дека Филипче е избран демократски
-
Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување
-
Претседателот на ЗЕЛС ги кани на состанок Костадинов и Јакимовски