Интензивните дождови предизвикаа поплави во Тетовско

Интензивните врнежи од дожд ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите на неколку реки во Тетовско кои се излеаа од нивните корита и поплавија патишта и куќи. Според првичните информации, неколку села во општините Теарце и Јегуновце ноќеска се поплавени поради излевањето на речните води.
Излевањето на Габровска река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово –Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.
„Патот Тетово-Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја, објави Исен Асани“, градоначалник на општина Теарце на својот Фејсбук профил.
Мештаните од Доброште информираат дека поради поплавите оштетен е и асфалтот на коловозната лента на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Жители на Јегуновце информирата дека во нивното селот има поплавени куќи.
Ново на Сител
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
