Инстаграм го надмина Твитер - Собра повеќе од 400 милиони корисници
Социјалната мрежи за размена на фотографии и видео записи Инстаграм објави дека бројот на нејзите корисници надминал 400 милиони, кои дневно споделуваат повеќе од 80 милиони фотографии.
Овој сервис во сопственост на Фејсбук на почетокот на годината имаше 300 милиони корисници, колку Твитер што брои денес.
- Иако пресвртницата како оваа се важни, не возбудува тоа што на сите ни се чини дека светот станува помал благодарени на визуелната комуникација. Корисниците на Инстаграм непрекинато снимаат неверојатни фотографии и видео записи од сите краишта на земјата (па и Сончевиот систем), објави Инстаграм на својот блог.
Според податоците на Инстаграм, повеќе од половина новите 100 милиони корсници живеат во Еврпа или Азија, а најголем раст е забележан во Бразил, Јапонија и Индонезија.
- Кога го лансиравме пред пет години, 400 милиони изгледаа како далечен сон. И натаму бараме подобрување на Инстаграм, помагајќи ви да го доживеете светот низ фотографии и да се поврзете со други луѓе со заедничките страсти, порача Инстаграм.
Меѓу најпознатите корисници на Инстаграм се Ким Кардашијан, Џенифер Лопез, Дејвид Бекам..., поради кои и други се приклучиле на оваа социјална мрежа.
Инстаграм овој месец го претстави планот на проширување на понуди за огласи со што се отвораат многу нови можности, како движење на глобалната маркетиншка кампања во различни формати, вклучувајќи и видео огласи во траење до 30 секунди.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата