Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли

Општинскиот инспекторат за животна средина вчера казни три лица за согорување отпад од електрични кабли, информираа од општина Струмица во рамки на редовното објавување на извршените надзори.
Имено, вчера биле извршени три контролни и два вонредни инспекциски надзори над компании и физички лица. Две лица се затекнати на државно земјиште како согоруваат отпад од електрични кабли заради екстракција на бакарот кој го содржат. И за двете лица според Законот за управување со отпадот ќе биде покрената прекршочна постапка со изрекување на глоба од 250 евра.
Од страна на комуналните инспектори при вршење на вонредни надзори е затекнато едно уште едно лице кое согорува отпад од електрични кабли и од страна на инспекторите ќе биде поведена прекршочна постапка со изрекување на казна од 50 евра според Законот за комунални дејности.
Инаку, во изминатите десетина денови, Општинскиот инспекторат за животна средина на Општина Струмица изрече глоби на три компании од 9.000 евра и 500 евра за управителот на правниот субјект, а на други им е наложено да постават филтри за да не го загадуваат амбиенталниот воздух.
Покрај компаниите досега се казнети осум граѓани со казни од 250, 150 и 50 евра, а во повеќе наврати кај инспекторите е пријавено палење оган на отворено и горење најразлични материјали
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
