Loading Video...
Свет
3. August 2022 - 12:18
Инспектори во Истанбул го прегледуваат првиот брод со жито од Украина
Претставници на Заедничкиот координативен центар во Истанбул утрово започнаа инспекција на првиот товарен брод со украинско жито, кој пристигна во Истанбул, пренесоа турските медиуми. За време на инспекцијата, претставници на Турција, Русија, Украина и ОН ќе го проверат бродот, а потоа ќе го потпишат конечниот извештај.
Доколку претставниците на Здружениот центар немаат забелешки, бродот со речиси 27 илјади тони пченка уште денеска ќе добие дозвола да замине кон Либан, крајната дестинација.
-
Симона Паскоска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
