Македонија
12. March 2026 - 19:10

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита

Кочанската дискотека не ги исполнувала критериумите за заштита од пожар, сведочеше Дарко Стојков, инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување кој правел увид по пожарот во Пулс. Повикан бил од Виница, бидејќи повеќе од десетина години во подрачното одделение на ДЗС во Кочани немало вработен инспектор.. Одговарајќи на прашања од Јавното обвинителство, рече, најболно било што вратата која требала да служи како помошен излез, била целосно блокирана.

Во објектот имало и недоволно протовпожарни апарати.. 

,,Внатре кога влеговме имаше само два ПП апарати, недоволно за квадратурата. Хидрантот празен. Нема вода, нема црево, нема млазница. Дојавувачи за пожар, нема. И, најболната работа, задната врата заклучена, од внатрешната страна немаше квака, а плус и заклучена со катанец во долниот дел", рече во судницата,  Дарко Стојков, Инспектор за заштита и спасување во ДЗС – Виница. 

Сведокот појасни дека и покрај тоа што во Кочани повеќе од една деценија немало инспектор за заштита и спасување, а за тоа знаеле сите директори на ДЗС, одделението во Виница каде тој работел, добило забрана од централата на ДЗС да постапува надвор од општината.. Работел по претходно утврдена годишна програма, но за вонреден надзор во објекти, писмена наредба за тоа требало да добие од директорот на ДЗС, неговиот заменик или Генералниот инспектор. Стојков посочи дека со одобрение на ДЗС правел вонредни контроли за противпожарна заштита во зградата на општина Кочани, училишта и правни субјекти, но никогаш во дискотеката Пулс. За пожарот во кочанската дискотека им се суди на четворица поранаешни директори на ДЗС, Дел од адвокатите кои ги бранат, во судницата го спореа исказот на сведокот повикан од обвинителството.. Дирекцијата не била инспекциски орган за конторла на угостителски објекти, туку институција која е дел од цивилната заштита од пожари и други поголеми несреќи. 

Сведочеше и поранешен вработен во агенцијата што ја обезбедувала дискотеката, но рече дека не знаел каде се наоѓа седиштето на фирмата, наредбите ги добивал на терен или вибер групи кои потоа ги бришеле..

Судењето продолжува наредната недела во вторник, ден по годишнината од трагедијата во која загинаа 63 лица..