-->
-->
Инс: Погба е идиот
-->
Поранешниот полудефанзивец на Манчестер Јунајтед, Пол Инс го оквалификува Пол Погба како „идиот“.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, го извади францускиот играч од средниот ред од стартниот состав за мечот против Арсенал. Информациите од Англија велат дека Португалецот го направил овој чекор поради лоша форма на Погба.
Токму тоа пак го испровоцира Инс, кој беше дел од составот на Јунајтед, кој триумфираше во Премиер лигата и ФА Купот во 1994-та година, да ги сподели своите ставови за Французинот.
– Погба влегува на теренот и прави мали и глупави работи, а потоа ја губи топката. Ова е идиотски. Можеш да го обвиниш Мурињо за некои работи, но не можеш за се. Погба не си помага сам на себе, а камоли на тимот. Тој со право го исфрли од тимот. Без разлика колку е големо твоето име. Никој нема толку големо име, за да има резервирано место во составот на Јунајтед, изјави Инс.
Погба доби многу свирежи кога влезе како резерва во натпреварот против Арсенал 15 минути пред крајот. Токму затоа Инс смета дека навивачите на Јунајтед имаат негативно мислење за својот играч.
– Можете да го видите расположението на навивачите, како и толеранцијата кон играчите. Ова исто така важи и за Погба. Чудно е кога играч на тимот ќе биде исвиркан, но тоа е благодарение на тоа што го покажуваш на теренот. Мислам дека фановите повеќе не сакаат да го гледаат на „Олд Трафорд“, додаде Пол Инс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима
-
Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите
-
Преглед на вестите од светот
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците