Инфраструктурни зафати во Дојран во пресрет на новата туристичка сезона
Дојран новата сезона ќе ја дочека со целосно обновена и рехабилитирана пешачка патека. За овој проект предвидени се нешто повеќе од 8 милиони денари, средства обезбедени преку бирото за рамномерен регионален развој, со кои се планира да бидат санирани сите оштетувања од надојдените езерски води и други атмосферски влијанија, обнова на урбаната опрема, но и дополнување со нови содржини. Патеката која почнува од Нов Дојран и се протега долж крајбрежјето на езерото е долга над 5 километри. Нејзината обнова ќе се реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
„Проектот е насловен Дојран - медитерански бисер во Југоистокот. Предвидена е рехабилитација и реконструкција на постоечката патека и изградба на велосипедска патека покрај Дојранското езеро. Слободно можам да кажам дека некаде до средината на 2024 година Југоисточниот плански регион ќе биде збогатен со уште десетина нови реализирани проекти од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион,,. Вели Ѓоко Камчев директор на центар за развој на ЈИ регион
Освен обновата на патеката, нејзино обележување и хортикултурно уредување, проектот ,, Дојран - медитерански бисер во Југоистокот,, предвидува и расчистување на бујната вегетација покрај езерото.
Исто така со самиот проект имаме и расчистување и на бујната вегетација што се наоѓа покрај езерото, а е појавена може да се каже и во поголем обем. Така да ги одржуваме старите содржини, не дозволуваме да бидат запуштени и истите треба да се користат поактивно. Исто така со Југоисточен плански регион добивме нови содржини како што се велосипедите и електричните полначи и смарт таблите кои што се дополнителни содржини за самите туристи. Дел служат за давање информации , другите веќе ќе бидат вклучени во новата туристичка понуда, односно електричните велосипеди ќе почнат да се изнајмуваат и да се даваат како нова содржина на туристите.,, вели Анго Ангов градоначалник на општина Дојран.
Електричните велосипеди и смарт опремата беа набавени во рамки на проектот ,,Туризмот-иднината на регионот,,.Дваесетте велосипеди ќе се користат за организирани тури со туристите да може да го доживеат Дојран на еден нов и поинаков начин, и освен возење по пешачко-рекреативната патека покрај езерото, да ги откријат и ридските убавини кои поради теренот досега беа тешко достапни.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар