Информирајте се за состојбата на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот се уште се пренасочува преку градот Битола.
Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.
На државниот пат А3(М5), делница Ресен – Битола во тек се работи на рехабилитација на коловозот.
Делницата Ѓавато - Макази од 02.04.2017 има сообраќаен режим со еднонасочно движење, односно при патување од Битола кон Ресен се патува по една лента на патот што се реконструира и по лента каде нема градежни активности. При патување од Ресен кон Битола се патува по стариот пат Ресен - Битола до преминот Ѓавато.
За оваа делница (Ѓавато - Макази) планирано е комплетно завршување на градежните работи и пуштање нормален тек на сообраќај до 20.04.2017.
На 07.03.2017 година започнаа да се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи на дел од магистрален пат А2, делница Тетово – Скопје, клучка Сарај. Истите работи продолжуваат и на обиколницата Тетово (осветлување на клучка Брвеница, клучка Тетово – Југ ). Активностите се реализираат во период од 07.00 до 17.00 часот. Потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017 год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар - Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800 м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.
Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.
Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Од 02.12.2016 година е воведена времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година, издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ - клучка Стајковци/ во двата правци, а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.
ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, Коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, Коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.
Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с. Кадрифаково – клучка кај с. Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.
Градежно Друштво „Гранит“ АД Скопје РЕ Свети Николе - Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на сообраќај бр.1005 од 28 мај 2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.
На 27.11.2016 година целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с. Грдовци - с. Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.
АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Работи на рехабилитација на државен пат А3(М5), делница Ресен – Битола. Режимот на работа е поделен во 4 фази.
Првата фаза е пуштена во сообраќај (но не е изработена вертикалната сигнализација поради промена на основниот сообраќаен проект и затоа постојат знаци за работа на пат по трасата и знаци за општа опасност). Првата фаза е од бензинската пумпа на ЛУК ОИЛ Битола до петља кај с. Ротино и е долга 7 км.
Фаза 2 е долга 4 км oд петља Ротино до Петља Кажани. Во овој момент на фаза 2 се работи на гребење асфалт и извршено е асфалтирање на едната половина. Сообраќајот на оваа делница се одвива еднонасочно, односно при патување од Битола према Ресен се патува по стариот пат за Ресен (петља Ротино с. Кажани). При патување од Ресен према Битола сообраќајот се одвива по магистралниот пат по една коловозна трака, еднонасочно и наизменично во зависност на која трака се работат градежни активности.
Фаза 3 од петља Кажани до превој Ѓавато (пунктот на Македонија пат). На оваа делница се работи на должина од 1,8 км) односно од паркингот кај чешмите до самиот превој. На оваа делница сообраќајот се одвива двонасочно односно на едната половина на патот каде не се изведуваат градежни работи. Тука патот е широк 11 м оставена е една трака со ширина од 5,5 м за одвивање на двонасочен сообраќај.
Фаза 4 од превoј Ѓавато до раскрсница Макази се одвива еднонасочно. При патување од Битола према Ресен се патува по една трака на патот што се реконструира и тоа по трака каде нема градежни активности. При патување од Ресен према Битола се патува по стариот пат Ресен - Битола до превојот Ѓавато.
Крајниот рок за завршување на градежните работи е 15.05.2017 година.
ДГ Бетон АД Скопје известува дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар - Кичево после раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800 м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.
Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.
Градежно Друштво Гранит АД Скопје РЕ Свети Николе - Штип известува дека изведува градежните работи за градба на Магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км 47+107,00. Од 21.05.2015 е целосно затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) за сообраќај на делницата на потез км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) со пренасочување на целокупниот сообраќај преку Регионален пат P 1204.
Информации за движење на патниот правец низ ЈАСЕН од 01 Октомври 2016 година: Скопје кон Македонски Брод 07:30 - 08:30 часот и 14:30 - 15:30 часот Македонски Брод кон Скопје 06:00 - 07:00 часот и 16:00 - 17:00 часот. Информации на тел: 02/ 3115-016 или е-mail: info@jasen.com.mk.
Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе