Инфоден и работилница за програмата Креативна Европа - потпрограма Култура
Инфоден и работилница за програмата Креативна Европа - потпрограма Култура денеска во НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе организираат канцелариите на оваа програма при Министерството за култура на РМ и на Кралството Белгија.
Ќе биде претставено белгиското искуство и два успешни проекта поддржани од Креативна Европа (Блекборд музички проект на Музичка младина на Македонија и поетската платформа „Версополис“ на НУ Струшки вечери на поезијата).
Настанот ќе го отворат претставниците на канцелариите за Креативна Европа - Култура од Македонија и Белгија, Билјана Прентоска и Гудрун Хејманс.
Во втората сесија од инфоденот ќе има работилница наменета за заинтересираните учесници, со цел да се подготват за претстојниот повик за аплицирање за категоријата „Проекти за соработка“. Апликациите до Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија треба да бидат доставени до 5 октомври 2016.
- Ова е прв заеднички јавен настан на двете национални канцеларии чија цел, меѓу другото, е да ја зајакне соработката меѓу културните оператори од двете земји во рамки на европската културна соработка, информира Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
-
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир
-
Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово
-
Паунов во Карбинци и Владев во Свети Николе прогласија победа во првиот круг
-
Петар Јанков прогласи победа во Струмица