-->
-->
Инфо-сесија за работните односи во Куманово
-->
Компаниите се подготвени да се усогласат со законските регулативи ако навреме бидат известени и им се даде одредена помош, беше речено на денешната инфо-сесија во рамки на проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива во Македонија“ што се одржа во Куманово.
Инфо-сесијата, петта по ред, беше на тема работни односи. презентирани правата и обврските кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективните договори. Проектот, пак, е на УСАИД, го спроведува ЕПИ Центар Интернационал во соработка со стопански комори, а предвидува вкупно 18 инфо-сесии во повеќе градови.
- Присутните имаат можност да дискутираат и да укажат на нивните проблеми директно до стопанските комори, но и до експертите задолжени за предавањата. Сметаме дека овие инфо-сесии овозможуваат собирање детални информации, а ние како дел од овој проект ќе овозможиме не само решавање на проблемите, туку и воспоставување одржлив начин и систем на информација до компаниите, да се решат проблемите, а со тоа да се поддржи нивниот развој, изјави Тамара Тодоровска од ЕПИ Центар Интернационал кој е партнер во проектот.
На информативните настани се обработуваат уште две теми, даноци и царини и животната средина. Темите произлегуваат од истражувањето во кои биле вклучени микро, мали и средни фирми, а целта е да се увидат проблемите со кои се соочуваат компаниите и нивно решавање.
- Проектот е уникатен и првпат во Македонија се случува три комори заеднички да соработуваат. Ова е воедно и доказ дека стопанските комори сакаат да изнајдат начин за конструктивен дијалог со власта зашто одлуките за подобро бизнис опкружување доаѓа од неа, изјави извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија Фатмир Битиќи и додаде дека м
икро и малите претпријатија во земјава, поради ограничените ресурси, не можат да ги следат честите промена во законодавството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари
-
МОН: Студентските домови етапно се реконструираат, студентскиот стандард значително се подобрува
-
Приведен 44-годишен кумановец, се заканувал на полициски службеници и носел остар предмет
-
65-годишна жена измамена преку социјална мрежа за сума од 6.700 евра
-
До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
-
68-годишник од Скопје измамен од женско лице за сума од 48.875 денари