Инфо-караванот за ИПАРД 2 денеска во Желино и Теарце

Инфо-деновите за презентирање на Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата денеска продолжуваат во Желино и Теарце.
Повикот за оваа мерка трае до 14 април, а предвидува вкупно 9.216.693 евра или 568.147.394 денари за вложување во примарно земјоделско и сточарско производство, инфраструктурни зафати, преработка, директен маркетинг на земјоделското стопанство и производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.
Министерството за земјоделство потсетува дека во овој повик, набавката на трактор не е прифатлива инвестиција.
Корисници на Мерката 1 може да бидат земјоделски задруги, односно физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице и задруги.
Освен Мерката 1, на средбите со земјоделците во рамки на инфо-деновите кои неделава ќе бидат организирани и во други општини покрај Желино и Теарце, презентирани ќе бидат и мерките 3 и 7.
Ново на Сител
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
