Балкан
3. January 2022 - 10:26

Инфлацијата во Турција достигна највисоко ниво од 2002 година

Годишната стапка на инфлација во Турција се искачи на највисокото ниво во декември, од 2002 година. Тоа се нагласува во официјалните податоци објавени денеска по валутната криза на крајот од минатата година.

Потрошувачките цени скокнаа на 36,1 отсто минатиот месец во однос на истиот период во 2020 година. Зголемувањето на цените во однос на ноември е  21,3 отсто, соопшти турскиот Завод за статистика.