Инфлацијата останува главен предизвик за економијата
Справувањето со инфлацијата ќе биде главен предизвик за економиите во светот. Пандемијата, енергетската криза, војната во Украина, растечките цени на храната, но и миграцијата, посебно на младите ја зголемија неизвесноста и го поткопаа глобалниот раст. Клучната улога за пад на инфлацијата и натаму ќе ја имаат централните банки, но потребна е поддршка и со фискалната политика, која треба да продолжи со реформите и да не крати пари од капиталните инвестиции. Ова беше пораката на првите луѓе на централните банки, Комитетот за преобразување на Бретон Вудс и ММФ на Меѓународната конференција на Народната банка.
- Ако треба да пренесам една клучна порака до вас, тоа е дека политиките се важни. Со правилен избор на различни политики, економиите од Западен Балкан можат да обезбедат ниска инфлација и зголемена долгорочна траекторија на раст. За да се подобри економскиот потенцијал, значајни се структурните реформи. Исто така, за да се задржи макроекономската стабилност, не треба прерано да се олабавува монетарната политика, затоа што тоа може да доведе до големи последици, изјави Алфред Камер, ММФ
Инфлацијата и оваа и следната година ќе биде над прогнозиите, вели гувернерката Бежовска. Иако банкарскиот сектор е стабилен и ликвиден, неопходно е натамошно јакнење на отпорноста, за да не се наруши финансиката стабилност ако каматите и натаму растат.
- Земјите од Западен Балкан се изложени на поголем ризик отколку развиените земји. Затоа голем број млади се иселија од регионот. Одливот ќе се спречи ако побрзо влеземе во Унијата и граѓаните ги осетат придобоивките од тоа, вели претседателот Пендаровски.
Иако инфлацијата почна да се намалува, во многу земји е над проекциите на централните банки. А кога ценовната стабилност е загрозена, монетраната политика треба да реагира брзо и решително, истакнаа гувернерите на земјите од регионот. Банките во Унијата до сега добро ја издржаа монетрната затегнатост, но порачаа дека и властите треба да бидат внимателни и да ги следат резиците.
-
Наташа Мерсовскла
Сите содржини од овој новинар