Бизнис
29. April 2022 - 16:34

Инфлацијата ги изеде парите за прослави, ССМ организира протест во недела

Инфлацијата ги изеде парите на работникот, затоа на 1 мај нема да се слави, туку ќе се протестира за поголеми плати. Сојузот на синдикати на Македонија не се откажува од барањата за линеарно покачување на сите плати, по примерот на минималната, како и за регрес за годишен одмор во јавниот сектор.

ССМ ги повикува сите граѓани, синдикални и невладини организации да се приклучат на протестот на Меѓународниот ден на трудот.

Протестот во недела ќе започне од пред седиштето на Сојузот на синдикати на Македонија во 12:30 часот. Оттаму ќе се маршира од пред Собранието, потоа пред Организацијата на работодавачи и протестот ќе заврши пред Владата, каде ССМ официјално ќе ги достави своите барања.