Инфлацијата до август на годишно ниво 11,6 отсто
Просечната инфлација во периодот јануари – август 2022 година изнесува 11,6% на годишно ниво и главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата, соопшти Народната банка.
– Најголем придонес за растот на домашната инфлација има порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електричната и топлинската енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Но, нивниот подолготраен и посилен раст создава преносни ефекти и врз цените на останатите производи и услуги и дополнително ги подгрева инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики. Во изминатите неколку месеци кај цените на храната се забележуваат поизразени надолни приспособувања на светските берзи, што во следниот период може да доведе до надолни приспособувања и кај домашните цени. Воедно, надолни се и ревизиите и на очекувањата за раст кај дел од овие цени. Сепак, неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите е нагласена поради воените случувања во Украина, се наведува во соопштението од Народна банка.
Ново на Сител
-
Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени
-
Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола
-
Тешка сообраќајка на Пресека
-
Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата
-
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск
-
Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС
-
Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот